Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во близина на струшко Мороишта, причинета поголема материјална штета

Струга, 22. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти март оваа година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека настанал пожар на нива лоцирана во близина на струшкото село Мороишта, при што биле опожарени четири плевни и една куќа.

– Во пожарот целосно изгореле над 10.000 квадратни метри нискостеблеста вегетација, кабли од електрични столбови, земјоделски алати, покуќнина и други предмети. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга. На местото на пожарот, вчера е извршен увид предводен од надлежен Јавен обвинител. Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење