Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Per Tutti – КИМ Smoothie дегустација во кафе бар „Instinct“ (Фото/Видео)

Охрид, 22. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во кафе бар „Instinct“, во центарот на Охрид, денес продолжија активностите во рамките на новата наградна игра на охридските „Тамаро“ маркети и компанијата КИМ: „Per Tutti – КИМ Smoothie“.

Станува збор за дел од промотивните активности за презентација пред охриѓани на најновиот производ на компанијата КИМ – Smoothie соковите.

– КИМ и „Тамаро“ повторно наградуваат и забавуваат. Сакаме да Ви го презентиране овој прекрасен производ кој е направен од 100% овошје, без додатоци или било какви конзерванси. Го има во повеќе вкусови и во големо и мало пакување од 700 и 200 мл. Направете ги среќни вашите најмали и најмили. Вкусови на аронија, јагода, свежи плодови на кајсија, праска и банана, кои ќе го препородат вашиот организам. Уште и антиоксиданс и детокс смути за закрепнување после бурно помината вечер или за дополнителна енергија и свежина во вашиот организам. Имаме календар на настани за презентација на производите во дел од најдобрите охридски кафе барови, каде гостите ќе имаат можност да ги пробаат сите вкусови на КИМ Smoothie, информираат од „Тамаро“.

Проектот кој е осмислен од креативниот тим на Супер радио предвидува и посебни награди и за слушателите на радиото и читателите на OhridPress и Inpress. Секој петок во рамките на „Евтините приказни“ со Александра на Супер радио ќе имате можност да добиете пакет КИМ производи.

– Се` што треба да направите е да го купите омилениот КИМ Smoothie вкус во некој од „Тамаро“ маркетите и да ни испратите фотка на нашиот профил на Facebook. Следете ги насоките од водителите и секој петок ќе уживаме заедно во вкусните КИМ Smoothie сокови и секако ќе добиваме многу награди, порачуваат од Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес