ЕКОЛОГИЈА Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Запален дел од појасот трска на стариот пат Охрид-Струга, кај Подмолје (Видео)

Охрид, 23. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, доцна попладне, повторно е запален дел од појасот трска на потегот кај стариот пат Охрид-Струга, кај Подмолје, информираат од Охрид SOS.

– Станува збор за пракса која, за жал, се повторува секоја година. Ни казни, ни санкции, нити желба да се стави крај на ваквото дивеење. Трската е дом и живеалиште за многу видови, кои на овој начин имаат сè помалку простор за безбеден живот и размножување. Иако македонската Влада, Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Охрид и другите институции не ги наведоа овие проблеми и дејствија, во извештајот доставен до UNESCO, иницијативата неодамна достави обемен извештај до оваа меѓународна организација каде детално се наведени сите овие „активности“ на наши сограѓани и сонародници. Меѓу другото и палењето на трската. Нека не мислат нашите функционери дека ќе нашминкаат или козметички дотераат некаков документ и со тоа ќе убедат некого дека опасноста е отстранета. Засега кај нив отсуствува желба и искрена волја да направат било што за да го заштитат природното наследство на охридскиот регион, реагираат од Охрид SOS. (Крај)

извор: Охрид SOS фото: архива видео: VOX Struga/Eugen 2011

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење