Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Само еден е црн: Неро кроасан и Неро коцка во „Тамаро“ маркетите

Охрид, 23. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети ја започнаа новата маркетинг кампања за промоција на најновиот производ на „Тамаро“ пекарата, црните Неро кроасан и Неро коцка.

– Овој пат Ви нудиме еден фантастичен производ, кој во исто време е здрав и неверојатно вкусен и крцкав. Неро кроасан и неро коцка, направени од најквалитетно брашно, со морска сол и мастило од сипа, кое им дава темна боја. Мастилото е полно со антиоксиданси и други важни хранливи материи. Научниците открија дека мастилото од сипа ги штити белите крвни зрнца, кои се основа за јак имунитет и делува против туморите и бактериите. Вкусно и здраво, само во „Тамаро“ маркетите, информираат од водечкиот ланец маркети во Охрид и Струга.

Заштитно лице на оваа кампањата е познатиот глумец Горан Стојаноски, а идејата и продукцијата се на Стојаноски и маркетинг тимот на „Тамаро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/Видео: Тамаро

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење