Избор од Уредникот Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Миланка Новеска ја освои првата награда на 10-тиот државен натпревар за соло пејачи „Виктор Џулеану“ во Романија

Охрид, 23. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Миланка Новеска ја освои првата награда на 10-тиот државен натпревар за соло пејачи „Виктор Џулеану“ во Романија.

На натпреварот кој се одржа од 12-ти до 24-ти март оваа година беа доделени три награди. Специјалната награда ја доби Драганчо Најдоски од Крушево, а првата награда ја освои нашата Миланка Новеска.

Двајцата студенти од Македонија се дел од класата на професорката Бјанка Манолеану. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива