Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР со официјално соопштение за опожарената трска кај Калишта

Струга, 24. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти март оваа година, во 15:20 часот било пријавено дека покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што била опожарена трска.

– Од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива