Избор Локална самоуправа

В.д градоначалникот Георгиески се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Охрид, 24. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вршителот на должноста градоначалник на Охрид, д-р Коннстантин Георгиески оствари средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

– На средбата се разговараше за одличните меѓусебни односи меѓу двете држави и начините за нивно продлабочување. Заеднички беше констатирано дека во односите меѓу двете земји важно место има Охрид каде се реализирани бројни заеднички проекти, особено во областа на културата и образованието, но дека има нови иницијативи за проширување на соработката и во други сектори, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење