Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тепачка поради првенство на минување на Кеј „Македонија“

Охрид, 24. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти овој месец, во 14:30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 40-годишниот С.Т. и 47-годишниот Б.Б., двајцата од Охрид.

– Тие, поради недоразбирање за отстапување на првенство на минување со автомобилите, започнале вербална расправија која набрзо прераснала во тепачка. Двајцата се повикани во СВР Охрид по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива