Избор Локални избори 2019 Охрид ТОП ВЕСТИ

Денес ждрепка за редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид

Охрид, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот на кандидатите за нов градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село.

За престижната функција на прв човек на Охрид се поднесени пет кандидатури – на д-р Константин Георгиески од СДСМ, д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ,  Стевче Стевоски од партијата Демократи и Џемал Мена, како кандидат на Движењето БЕСА.

Охриѓани на 21-ви април ќе избираат нов градоначалник, откако на 15-ти декември минатата година, ненадејно почина досегашниот градски татко, проф. д-р Јован Стојаноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива