ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Гори дива депонија кај Лабуништа, жителите се гушат во чад (Фото)

Струга, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи деновиве се појавија фотографии од дивата депонија во близина на селото Лабуништа.

Жителите веќе подолг период наназад се гушат во чад и бараат итно да се дислоцира нелегалната депонија.

– Ова е вистината за нас, овие слики зборуваат какви сме ние како (не) луѓе, напишаа на социјалните мрежи.

Image may contain: mountain, sky, cloud, outdoor and nature

Image may contain: mountain, sky, outdoor and nature

Во селото живеат над 8.000 жители, кои секојдневно реагираат и бараат решение за овој проблем. Неофицијално, пожарите најчесто избиваат откако собирачите на старо железо палат делови од ѓубрето, за да го одвојат од пластиката. (Крај)

извор: VOX Struga фото: Лабунишки Вести