Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

На денешен ден Прличев се закити со „Ловоров венец“ за поемата „Сердарот“

Охрид, 25. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 25-ти март, во 1860 година на конкурс за поема, што се одржал во Атина, македонскиот преродбеник Григор Прличев го добил „Ловоров венец“.

Венецот го добил за поемата „Сердарот“, кое е воедно негово најпознато дело. Поемата е напишана во 1860 година. Прличев за оваа поема бил наречен „втор Хомер“. Поемата е оригинално напишана на грчки јазик, под насловот „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик.

Image result for Прличев „Сердарот“

Со пригодна свеченост НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ОУ „Григор Прличев“ од Охрид денеска заеднички ќе ја одбележат 159 годишнината од денот кога Григор Прличев го доби Ловоровиот венец. За учениците ќе биде прикажан видео проектот „Од животот на Прличев“ од авторот Милчо Јованоски прв пат промовиран на годинашните „Прличеви беседи“, а е збир од фотографии, видеа и текстови кои во 30 минутен колаж го отсликуваат животот на големиот Прличев.

Image result for Прличев „Сердарот“

Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18. јануари 1830 – Охрид, 6. февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Според македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење