ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Гори Струга, ама гори и Охрид

Охрид, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве, вниманието на македонската еко-јавност е свртено кон Струга, каде се горат големи делови од трската и крајезерскиот регион.

За да не испадне дека оваа „привилегија“ е само струшка, викендов се погрижија неодговорни поединци, кои случајно или намерно запалија дел од трската во населбата Св. Стефан.

– Гори Струга, ама гори и Охрид, коментираат читатели на OhridPress кои испратија фотографии до нашата редакција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива