Спорт

Бод за Македонија на гости во Словенија

Стожице, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС)Репрезентацијата на Македонија ремизираше 1:1 против Словенија на гостински терен во второто коло од квалификациите за ЕП 2020.

Миха Зајц во 34-тата минута донесе водство за Словенија, додека Енис Барди со убав гол во 47-та минута го израмни резултатот.

По првите две одиграни кола во квалификациите Македонија има четири бода. Во следното коло, кое на програмата е на 7 јуни, ќе играме на домашен терен против Полска.

Група „Г“:

1. Полска 6
2. Израел 4
3. Македонија 4
4. Словенија 2
5. Австрија 0
6. Летонија 0. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење