Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Триумф на ГФК Охрид Лихнидос над Влазними

Охрид, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нова победа за фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос.

Во 16-то коло од Третата македонска фудбалска лига југозапад ја совладаа екипата на Влазними со 2-0. И овојпат во листата на стрелицте се впишаа Ромео Кочоски и Никола Секулоски.

Со овој триумф охридските фудбалери ја зацврстија лидерската позиција на табелата и ја зголемија бодовната разлика. Моментално имаат 44 бодови, а зад нас се екипите на Караорман и Црно буки со по 27 бодови.

Во следната рунда ГФК Охрид Лихнидос игра во гости со Фламуртари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива