Спорт

НБА: Олдриџ ги растури Бостон Селтикс (Видео)

Бостон, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС)Бостон Селтикс никако да влезат во вистинската форма оваа сезона. Изминатата ноќ тие го забележаа четвртиот пораз во низа, откако беа декласирани пред своите навивачи од Сан Антонио Спарс 96:115.

Селтикс се на петтата позиција на Истокот, но со она што го прикажуваат на теренот нема што да бараат во плејофот, иако во сезоната влегоа како едни од фаворитите за пласман во финалето во својата конференција.

Ламаркус Олдриџ ги растури Селтикс со 48 поени, 13 скока и 6 асистенции за 38 минути колку што мина на теренот. Го следеше Демар Дерозан со 16 поени и 11 асистенции.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење