Избор од Уредникот Локални избори 2019 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Утврден редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид

Охрид, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Државната изборна комисија се одржа ждрепката за утврдување на редоследот на кандидатите за нов градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село.

Редните броеви на гласачките ливчиња за избор на градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар кои на денешната седница на ДИК ги извлекоа овластените претставници на подносителите на листи на кандидати:

1. ДУИ
2. Алијанса на Албанците
3. Демократи (кандидат Стевче Стевоски)
4. Граѓанско Демократска Унија (кандидат Михаил Трендафилов-Нанче)
5. ВМРО-ДПМНЕ (кандидат д-р Митре Милошевски)
6. БЕСА (кандидат Џемал Мена)
7. СДСМ (кандидат д-р Константин Георгиески)

За престижната функција на прв човек на Охрид се поднесени пет кандидатури – на д-р Константин Георгиески од СДСМ (реден број 7 на гласачкото ливче), д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ (реден број 5 на гласачкото ливче), Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ (реден број 4 на гласачкото ливче),  Стевче Стевоски од партијата Демократи (реден број 3 на гласачкото ливче) и Џемал Мена, како кандидат на Движењето БЕСА (реден број 6 на гласачкото ливче).

Охриѓани на 21-ви април ќе избираат нов градоначалник, откако на 15-ти декември минатата година, ненадејно почина досегашниот градски татко, проф. д-р Јован Стојаноски. На овие вонредни локални избори во Охрид нема независен кандидат. Изборната кампања започнува идниот понеделник, 1-ви и ќе трае до 19-ти април на полноќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива