Избор Локални избори 2019 Македонија ТОП ВЕСТИ

Анкета на М-Проспект за Тв Телма: Разликата меѓу Пендаровски и Силјановска е во рамки на статистичка грешка

Скопје, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на статистичка грешка е разликата меѓу кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска.

Половина од нивниот рејтинг го има третиот кандидат Блерим Река. Најновата анкета на М-Проспект покажува дека пред официјалниот почеток на кампањата, голем процен на анкетираните или 18,3 отсто се уште не одлучиле за кој кандидат ќе гласаат, а за 17,9 проценти ниту еден од кандидатите не е прифатлив.

Агенцијата М-проспект ја спроведе оваа телефонска анкета во периодот од 13-ти до 19-ти март на репрезентативен примерок од 1.001 испитаници, а резултатите се подложни на статистичка грешка од 3,1 отсто.

Повеќе за резултатите од анкетата вечерва во емисијата „Топ Тема на Ваша страна“ на Тв Телма. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива