Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Просечната цена на метар квадратен станбен простор во Охрид изнесува 653 евра

Скопје/Охрид, 25. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Просечната цена за метар квадратен во Охрид изнесува 653 евра, во главниот град 760 евра, во Штип чини 520 евра, а во Кочани 430 евра.

Според Народна банка, становите во последниот квартал лани биле поевтини за 4,9%, во однос на истиот период пртходната година.

Сепак, лани се продавале поскапо споредено со претходната година. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека цената за метар квадратен во Скопје била повисока за 7%, што е за околу 50 евра повеќе, а во останатите населени места се покачила за 3,6%, односно за 20 евра, јави Тв Сител.

Градежниците алармираат дека становите допрва ќе поскапуваат бидејќи им се зголемиле трошоците, како за материјали, така и за вработени.

– Ако го споредиме сегашниот период во однос на лани, може да зборувамеза поскапување на сите градежни материјали меѓу 10% и 15%. Зголемувањето на трошоците е резултат на порастот на цената на енергенсите, транспортот, прво за материјалите што се увезуваат, како и за материјалите кои што се од домашно производство. Она што може да очекуваме во следниот период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот на цената на квалитетните станови, вели Ивица Јаќимовски, претседател на градежна комора при Сојузот на стопански комори.

Катастарските податоци покажуваат дека минатата година останале 5.254 непродадени новоизградени станови. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење