Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за охриѓанец поради „фалсификување или уништување деловни книги“

Охрид, 26. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот И.Р. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.

– На 22-ри мај 2018 година, пријавениот, во прилог на докуменатацијата за постапка на легализација на бесправно изграден објект, доставена до општина Охрид, приложил лажна изјава дека објектот бил изграден во текот на 2010 година, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење