Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Поранешниот директор на ЈЗУ „Општа болница“ и неговиот заменик ја оштетиле болницата за над 1,2 милиони денари

Охрид, 26. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против три лица од Охрид.

– Од ноември 2013-та до август 2017-та година, 62-годишниот Љ.А. и 60-годишниот М.К. во својство на директор и помошник директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ од Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на 47-годишната Г.С.М. и` овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата. Наместо тоа, Љ.А. и М.К. и` овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата, исплаќајќи и плата и надоместоци без извршени работни задачи. На тој начин, тие и нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница“ од Охрид од вкупно 1.240.727 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење