ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Голем пожар кај струшки „Вајтос“

Струга, 31. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден избувна голем шумски пожар на планината Јабланица.

Станува збор за непристапен терен, кај месноста „Вајтос“, каде според првичните информации гори шума и нискостеблести растенија.

Локалитетот „Вајтос“ е археолошко наоѓалиште со остатоци од римскиот период.

Од ЦУК информираат дека, покрај во охридско-струшкиот, активни пожари има во скопскиот, кумановскиот, струмичкиот, велешкиот и штипскиот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес/ЦУК фото: ОхридПрес