Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Општина Дебрца отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП)

Белчишта, 3. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца, имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП).

– Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата. Вклучувањето на јавноста во изработката на ЛЕАП-от е од суштинско значење, поради што општина Дебрца ја повикува целата јавност во изразување на своето мислење преку пополнување на анонимен анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина, информираат од локалната.

Сите граѓани кои активно сакаат да земат учество со свој придонес во некоја од работните групи за изработка на ЛЕАП можат да се пријават и да ги остават своите податоци во општина Дебрца.

Нацрт Планот за вклучување на јавноста може да се погледне ОВДЕ, а анкетниот прашалник за испитување на јавното мислење може да се пополни ОВДЕ.

Прашалникот ќе биде активен во период од еден месец од денот на објавување на соопштението. (Крај)

извор: Општина Дебрца фото: Општина Дебрца