Избор Локални избори 2019 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Со пари на граѓаните ќе се плаќаат фирми блиски на СДСМ за време на изборна кампања

Охрид, 4. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ и Георгиески својата неспособност да ги реализираат капиталните проекти сакаат да ја затскријат со лицемерната распределба на паричните средства пренаменети за општината, реагираат на изнесеното на денешната прес конференција на в.д градоначалникот, д-р Константин Георгиески од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Дали животот којшто го ветуваа е бел или црн? Георгиески и СДСМ дрско ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните, па наместо да им се извинат за децениското тапкање во место за време на нивното криминално владеење уште и бараат други виновници. Георгиески да признае дека не станува збор за историски момент туку лицемерно раздолжување на општината и нејзина наводна финансиска консолидација. Зошто не признае дека СДСМ е партијата којашто го уништи Охрид? ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту еден денар долг туку врати над 14 милиони евра стари долгови. Ниту нови проекти, ниту подобар пристап до европските фондови. Додека охриѓани гледаа дела, сега гледаат лицемерна поделба на 8 милиони евра за време на избори, договор за висина на камата во четири очи и најстрашното незаконски општинските печати променати со името Северна Македонија. Георгиески да одговори зошто приоритет при договорањето на исплата на доспеаните, а неплатени обврски ќе имаат доверителите со кои тајно зад затворени врати е постигнат договор? Дали свесно пред избори се врши поткуп? Со парите на граѓаните ќе се плаќаат блиските фирми на СДСМ токму за време на изборна кампања. За оваа навреда кон чесните и одговорни граѓани Георгиески и СДСМ ќе сносат одговорност, а одговорот ќе го добијат на 21-ви април кога Охрид нема повеќе да биде заробена општина. Лицемерито на Георгиески ќе значи пораз на локалните избори за СДСМ, а победа за градот Охрид, порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење