Избор ОБРАЗОВАНИЕ Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Седмооделенката Надица Секулоска од ОУ „Дебрца“ со забележителен успех на Регионалниот натпревар по германски јазик

Охрид, 7. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надица Секулоска, ученичка од седмо одделение при ОУ „Дебрца“, ПУ Лешани, под менторство на наставничката Билјана Бибоска Стојкоски, постигна забележителен успех на Регионалниот натпревар по германски јазик, кој се одржа вчера во ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ во Кичево.

На натпреварот учествуваа и ученици од ОУ „Дебрца“, општина Дебрца, а Секулоска обезбеди учество на државниот натпревар во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење