Избор Општина Дебрца Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Македонско-чешки истражувачки проект за идентитетот и културните контакти во пограничната област на античка Македонија (Охридско Езеро)

Скопје/Охрид, 9. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Започна реализацијата на македонско-чешкиот истражувачки проект насловен: „Погранични студии. Истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на античка Македонија (Охридско Езеро)“, информираат од НУ Археолошки музеј на Македонија.

– Овој меѓународен археолошки проект е соработка помеѓу Археолошкиот музеј во Скопје и Карловиот универзитет во Прага. Главна цел е да се овозможи археолошко и архитектонско истражување и развој на општините Дебрца, Охрид, Ресен и Струга, со можност за проширување на полето на работа преку геолошки и геофизички истражувања, како и археолошки ископувања, информираат од Музејот.

Раководители на овој проект се м-р Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј, Скопје и д-р Марек Верчик од Карловиот универзитет, Прага. (Крај)

извор: ОхридПрес/НУ Археолошки музеј на Македонија фото: НУ Археолошки музеј на Македонија

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење