Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охридскиот трап артист Марио Змејковски Змејко со нова песна „Само гледам“

Охрид, 10. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот трап артист Марио Змејковски, познат како Змејко, деновиве ја објави неговата нова песна „Само гледам“.

Зад новиот сингл на Змејко стои струшката продукција за млади артисти „ТНТ Продукција“. Од неговиот тим најавуваат и албум, на кој ќе има и соработки со познати артисти од Балканот како Џус, Френки и други.

Змејко од 2009 година започна со free style, а од 2010 година се приклучи кон BC Generacija. Во тој период почна да се занимава и со студиска работа. Работи паралелно и соло кариера, а моментално е насочен на правење нови песни.

Во 2017-та година реализираше соработка со скопскиот рапер Дио, кога ја објавија нивната заедничка песна „Мртво Поле“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење