Забава Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

„One kiss“ (Еден бакнеж), ново ремек дело на Дамјан Пејчиноски

Охрид, 11. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот охридски гитарист и еден од водечките во државата Дамјан Пејчиноски продолжува со неговите музички парчиња, во кои се гледа целиот талент и виртуозност на гитарата.

Неговото најново дело е фантастичната Gypsy Jazz обработка на „One kiss“ (Еден бакнеж), тема која ја свири заедно со Емир Хот и Љубомир Толумбаџиев на виолина.

– Аудио миксот за песната и мастерингот се на Mikkjal Hvannastein (студио Mike – Faroe Islands), Горан Гешовски е на Контрабас, а Николче Мицевски на перкусии, вели Дамјан.

Дамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напишано со многу странски настапи е само уште еден доказ дека Македонија има млади таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.

Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски.

Во декември 2016 година, Пејчиноски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива