Забава

Дискотека Парк на 4-ти мај со Techno и House забава ја отвора сезоната

Охрид, 11. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Почитувани љубители на Techno и House музиката, наша голема чест е да ве поканиме да присуствувате на најголемата забава во Охрид во 2019-та година. Незаборавна во најмала рака, порачуваат од Дискотеката Парк.

– Дојдете и забавувајте се со нас до раните утрински часови во чест на отворањето на новата летна сезона во 2019-та година. Придружете ни се да ги почувствуваме одличните звуци, да придонесеме сите заедно кон страста и лојалноста према нашите пријатели од глобалната музичка фамилија. Ова е за сите rave-ри кои сакаат и знаат да уживаат во совршената хармонија со звукот на електронската музика. Посетете ја оваа незаборавна забава за да го искусите заедничкото задоволство како и славење на ноќниот живот, додаваат од Парк.

Повеќе информации за настанот ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење