Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Отворен час по општество за петтооделенците од ОУ „Григор Прличев“ со д-р Марина Цветаноска

Охрид, 11. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од петтите одделенија, заедно со учителките: Биљана Иваноска, Валентина Трпческа, Нина Ристеска, Мимоза Трајческа и Радмила Лотеска при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид имаа отворен час по општество.

Image may contain: 9 people, people smiling, people sitting, table and indoor

– На отворениот час на тема „Личноста во групата и општеството“, гостинка беше д-р Марина Цветаноска, која воедно е и родител на наша ученичка. На интересен начин, таа им ги објасна причините за девијантното однесување, а пред петтооделенците зборуваше и за социјализацијата на личноста и факторите за социјализација. Учениците со задоволство и поставуваа интересни прашања на докторката, на кои добиваа стручни одговори. Отворениот час беше успешно реализиран, учениците беа поттикнати да да размислуваат на оваа тема од поинаков агол, информираат од училиштето.

Image may contain: 7 people, people smiling

Image may contain: 5 people, people smiling, people sitting, people standing and indoor

Додаваат дека нејзините совети сигурно ќе бидат применети:
– за повеќе прошетки во природа,
– за возење велосипед, другарување,
– за секогаш да бидеме насмеани,
– за секогаш да бидеме љубезни,
– за одговорни и добронамерни и
– за другарството да биде пред сè… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива