Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Ќафасан-Подмолје, повредено едно лице

Струга, 12. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти април оваа година, во 21:30 часот, на магистралниот пат Ќафасан-Подмолје се случила сообраќајна незгода во која е потешко повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 22-годишниот В.И. од село Радолишта и влекач „МАН“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот Д.М. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Ауди“. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, односно Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење