Здравје Избор Ретки Болести Струга ТОП ВЕСТИ

Meѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Струга

Струга, 12. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Струга беа свечено отворени Meѓународните средби на дијализирани и трансплантирани пациенти.

Настанот кој е со едукативен и спортски карактер е во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.

Image may contain: 7 people, people smiling, people sitting and suit

Ќе учествуваат претставници на Здружението „Нефрон“, Мрежата на организации на југоисточна Европа SEEN Transplant, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, МАНУ, Клиниката за нефрологија, Центарот за трансплантација на бубрези, Националниот координатор за трансплантација, Заводот за нефрологија Струга, Дијализните центри, пациентите на дијализа, пациентите со трансплантиран бубрег и други органи, дарителите на органи и други гости. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење