Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Физички нападнат жител на струшко Корошишта

Струга, 12. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти април оваа година, во 20:45 часот, на локален пат во струшкото село Лабуништа, нарушен е јавниот ред и мир, при што е физички нападнато едно лице.

– Инцидентот започнал со карање и физички напад извршен од страна на 46-годишниот И.А. од истото село врз 22-годишниот Д.А. од селото Корошишта. По целосно документирање на настанот, Полициската станица од Струга против И.А. ќе поднесе соодветна пријава, информриаат од СВР Охрид. (Крај)

извор. СВР Охрид фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење