Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Екстра брзо, екстра чисто, екстра професионално со Cleanex Professional, комплетни хигиенски и вешарајски услуги

Охрид, 13. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридски Cleanex Professional, компанијата која близу шест години нуди професионални услуги на чистење, се` повеќе се профилира како вистински лидер во својот сегмент во градот.

– Нудиме комплетни хигиенски и вешарајски услуги. Хигиенско одржување на деловнии станбени објекти, угостителски и сместувачки капацитети, заеднички површини и санитарии. Станува збор за генерални чистења по градежни активности, пролетни и есенски генералки, тековни хигиенски одржувања на дневно, неделно или месечно ниво, одржување на сместувачки капацитети (апартмани, вили, мотели, хотели), машинско перење и одржување на тапациран и кожен мебел. Во последно време се нуди и посебна услуга на чистење на тешко достапни фасадни и кровни стакла, секогаш во чекор со времето и барањата на нашите клиенти, велат од Cleanex Professional.

Image may contain: sky, cloud and outdoor

екипата на Cleanex Professional „во акција“ – чистење на надворешните стакла на Sky Corner

Не помал дел од активностите на компанијата се и вешарајските услуги, за кои има се` поголем интерес во градот, затоа што сопствениците на угосителските објекти на овој начин штедат време и пари, а квалитетот и брзата услуга се загарантирани.

– Во овој дел станува збор за за тековно преземање, перење, сушење, пеглање и достава во стерилни вреќи за сите угостителски и сместувачки капацитети. Професионално перење на ќебиња, јоргани, јамболи и секаков вид постелнини, со сертифицирани средства, безбедни за луѓето и околината. Користиме најнова технологија и професионални препарати за чистење од програмата на Hagleiter од Австрија, TTS, Unger од Германија и Elsea од Италија, со проверен квалитет и безбедност во работењето, додаваат од Cleanex Professional.

Додаваат дека секогаш се трудат да го оправдаат слоганот на компанијата „Екстра брзо, екстра чисто, екстра професионално“.

Повеќе информации за Cleanex Professional можете да добиете на нивниот официјален сајт www.cleanex.mk, нивниот профил на Facebook или на телефонот: 075 98 44 82. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива