Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тепачки во Охрид, два инциденти во текот на вчерашниот ден

Охрид, 13. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Два инциденти кои резултирале со тепачки помеѓу неколку лица се случиле во текот на вчерашниот ден, информираат од СВР Охрид.

На дванаесетти април оваа година, во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 20-годишниот Д.М. врз 21-годишниот К.Н., двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Во друг случај, на 12-ти април оваа година, околу 19:00 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од страна на 58-годишниот Ц.М. врз 55-годишниот И.Џ., двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива