Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици и професори од ОУТУ „Ванчо Питошески“ стекнуваат драгоцени искуства во Броло, Италија

Охрид, 13. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Деветнаесет ученици и тројца професори од ОУТУ „Ванчо Питошески“, во периодот од 30-ти март до 20-ти април престојуваат во познатата туристичка дестинација Броло, на Сицилија, Италија, каде го реализираат проектот „Learning from the best – Учиме од најдобрите“.

Станува збор за третиот проект во кој учествуваат охридските ученици во рамките на програмата на Еразмус плус, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

– Во реномираниот хотел „Гатопардо“, учениците од угостителско-туристичката струка изведуваат практична работа. Практичната работа во овој хотел со 4 ѕвезди им овозможува да ги покажат стекнатите знаења и истите да ги надополнат и развијат, да ги запознаат и почитуваат современите принципи на работа и високите европски стандарди во угостителството и туризмот, а со тоа да придонесат за својот личен и професионален развој. Преку практичната работа, учениците освен што се претставуваат себеси, ја претставуваат државата, општината и институцијата која ги испраќа и прифаќа. Затоа, голем предизвик и мотив кај учениците е да се учествува во проектите на Еразмус плус, информираат од ОУТУ „Ванчо Питошески“. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид