Избор од Уредникот Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Гоце Мојсоски го освои петтото место на натпревар од Гран при серијата во Шведска

Малме/Охрид, 14. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најпознатиот охридски бодибилдер Гоце Мојсоски го освои петтото место на натпреварот од Гран при боди билдинг серијата, кој вчера се одржа во Малме, Шведска.

Image may contain: 5 people, text

– Во силна конкуренција влез во финале и освоено 5-то место, напиша Мојсоски на неговиот профил на Facebook.

No photo description available.

Периодов наназад Мојсоски го посвети на сериозни подготовки, заедно со Зоран Колевски, еден од најдобрите бодибилдери во нашата земја.

Успехот во Шведска е сериозна подготовка за Купот на Македонија, кој ќе се одржи следната сабота во Скопје.

Image may contain: 1 person, shoes

Во септември минатата година, Мојсоски го освои бронзениот медал на Диамонд купот, кој се одржа во Романија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Гоце Мојсоски

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење