Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Премиера на претставата „Ти во седум бои“ во Охрид

Охрид, 14. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Аматерската театарска група „Аматер“ во соработка со охридските уметници Емилија Колоска, Никола Јосифоски, Евамарија Баткоска, Михаил Талев, Климентина Гилевска, како и членовите на Ансамбл Билјана, синоќа премиерно пред охриѓани ја изведе претставата „Ти во седум бои“.

Се работи за мултимедијален проект, кој е спој на повеќе објавени авторски дела како извадоци од раскази, рецитација, песни, танц музика и многу друго, рече на гостувањето во емисијата „Диши длабоко“ на Супер радио, Јован Цветкоски, кој стои зад театарската група „Аматер“.

– Приказната е љубовта, надежта која никогаш не треба да престане бидејќи секој на патот на градење на таа љубов има подеми и падови. Насловот е позајмен од истоимен расказ од книга збирка од Горан Василески насловена „Монахот што се плашеше од смртта“. Во овој проект се вклучени девет луѓе, пет како актери танчери пејачи , а четвиорица се задолжени за музиката. Музиката е суптилна и емотивна се работи за тема љубов која сите не спојува. Ќе има и домашна и странска музика, а и нешто авторско. Покрај мене учествуваат Емилија Колоска, Евамарија Баткоска, Михаил Талев, Климентина Гилевска, музика Никола Јосифоски и ансамбл „Билјана“, на светло е Борис Вељаноски, тон Илија Левески, сценографија професорката Катерина Слатинова, потенцира Цветкоски.

Репризата на претставата е вечерва, со почеток во 20:00 часот. И двете изведби ќе бидат посветени на проф. д-р. Јован Стојаноски и на нашиот другар Андреј Лаброски, кои прерано не напуштија, рече Цветкоски.

Инаку тетарската аматерска група „Аматер“ приказната ја започна ентузијастички, со подготвока на претстави во соработка со професорите во средно училиште. Но, другарите Јован Цветкоски, Катерина Петреска, Леа Новеска и Никола Србиноски одлучиле да направат нешто независно. Па, така по „Сите мои синови“, „Генетика на кучињата“ и „Буре Барут“, „Ти во седум бои“ е четврти поголем проект на групата. Во меѓувреме се претставија и на фестивали за поезија, а имаа и бројни настапи и гостувања. Освен тоа, Цветкоски е и еден од културните активисти кои организира поетски читања како што се неколкуте успешни изданија на „Имам нешто да ти кажам“ каде младите, средошколците може да се „искажат“ и да ја прочитаат својата поезија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: radiomof.mk/Мартин Колоски

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење