Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Потешко повредено лице од Охрид, паднало помеѓу Канео и Лабино

Охрид, 14. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Средновечен охриѓанец се здоби со потешки повреди, откако вчера паднал од патеката помеѓу Канео и Лабино.

Од охридската полиција за Супер радио и OhridPress ја потврдија информацијата и додаваат дека, поради сериозноста на повредите, лицето било итно пренесено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Во акцијата за извлекување на повредениот учествувала и езерската полиција.

Наскоро повеќе информации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење