Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР со официјално соопштение за повредениот кај Лабино

Охрид, 14. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти април 2019 година, околу 13:30 часот, во СВР Охрид било добиено телефонско известување дека паднал маж на непристапен терен на потегот помеѓу Лабино и Канео во Охрид.

– Полициски службеници од езерската полиција, со пловен објект пристигнале не местото при што, констатирале дека се работи за 57-годишниот Д.А. од Охрид. Тој е пренесен до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење