Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице барано од Интерпол приведено на „Ќафасан“

Струга, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти април 2019 година, во 13:15 часот, на Граничниот премин „Ќафасан“, при контрола на 46-годишниот З.Ц. од Република Албанија, било утврдено дека се наоѓа на стоп листата по барање од СМПС – Интерпол Скопје.

– Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива