Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

„Метод“ од Жорди Галсеран во петок на репертоарот на Народен Театар Охрид

Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот „Метод“ (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, в петок, 19-ти април, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

Режијата е на Ирена Стеријовска, а во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.

– Претставата зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на „големата слика“ и го поставува прашањето колку голема е всушност „големата слика“? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса, вели Стеријовска.

Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба и можат да се купат на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

Претставата започнува во 20.00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење