Избор Култура

Друштвото на писателите на Македонија ќе ги претстави 13-те нови членови

Скопје, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Друштвото на писателите на Македонија вечерва на книжевна вечер ќе ги претстави 13-те нови членови преку кус разговор и со читање сегменти од нивното творештво.

Петар Андоновски, Елизабета Бандиловска, Марија Гиревска, Мерсиха Исмајловска, Александра Јуруковска, Славчо Ковилоски, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Бранко Прља, Сузана В. Спасовска, Ана Стојановска, Снежана Стојчевска и Билјана С. Црвенковска се тринаесеттемина нови членови на ДПМ кои минатиот месец беа избрани на јавен повик на кој биле пријавени 47 кандидати.

Книжевната вечер е со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива