Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Понеделник, 22-ри април неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Скопје/Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), понеделник, 22-ри април 2019 година, втор ден Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот. (Крај)

извор: МТСП фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење