Избор Хроника

Кривична за охриѓанец поради бесправна изградба на куќа

Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 72-годишниот К.Ч. од Охрид.

– Тој, во текот на првото тримесечје од 2019 година, на улицата „Охридска бригада“ во Охрид, спротивно на Законот за градење, и без одобрение за градба, изградил индивидуална куќа. Нелегалната градба била констатирана и од овластен општински градежен инспектор кој донел Решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива