Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридски гимназијалци освоија први места на регионални натпревари по хемија и македонски јазик

Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските гимназијалци продолжуваат да нижат успеси. Се покажаа како најдобри и на регионалните натпреавари по хемија, македонски јазик и литература.

На регионалниот натпревар по хемија кој се одржа во ПСУ„ Јахја Кемал” во Тетово, Михаил Талев, ученик во II година го освои првото место, под менторство на професорката Билјана Стевоска.

На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература Елена Шаптеска ученичката во II година освои прво место под менторство на професорката Ирена Бачиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење