Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Од полноќ ново поскапување на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ следува ново поскапување на бензините и дизелот.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на бензините ќе порасне за 2,5 до 3 денари, а на дизелот за 1,5 денар.

Еуросупер БС – 95 поскапува за три денари, па новата цена за литар ќе биде 71,5 денари. Цената на Еуросупер БС – 98 се корегира за 2,5 денари и од полноќ ќе се точи за 73 денари.

Малопродажните цени на Еуродизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 34,45 денари за килограм.  Овие цени ќе важат во следните две недели. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење