Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридски каратисти од клубот „Фудошин“ освоија два медали на Државно првенство

Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Значаен успех за двајца охридски каратисти од Карате-до клубот „Фудошин“.

Вчера се одржа Државното првенство во традиционално карате за 2019 година, во дисциплините кихон и кумите.

Карате клубот „Фудошин” го претставуваа 6 натпреварувачи. Од нив Каан Умер го освои второто место, во категоријата сениори, во дисциплината слободна борба, а Ева Георгиевска освои трето место кај јуниорите , во дисциплината кого кумите.

– За оваа сезона ни остана уште Европскиот карате куп во традиционално карате кој ќе се одржи на 4-ти и 5-ти мај во Скопје, со што ќе ја завршиме оваа натпреварувачка сезона, рече за Супер радио и OhridPress тренерот Ѓоко Томоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Ѓоко Томоски

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење