Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Затворени улици поради привршување на активностите кај кружниот тек до Општата болница

Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од општина Охрид ги известуваат граѓаните, дека во вторник, на 16-ти април, поради привршување на градежните активности, целосно ќе бидат затворени за сообраќај дел од улиците кај кружната крстосница до Општата болница.

Посебниот сообраќаен режим ќе важи во периодот од 07:00 до 17:00 часот, а ќе важи за улиците:

– улица „Питу Гули“, од крстосницата со улица „Марко Нестороски“ до кружната крстосница кај Болница;
– улица „Јане Сандански“, од крстосницата со улица „Карпош Војвода“ до кружната крстосница;
– улица „Даме Груев“, од крстосницата со улица „Карпош Војвода“ до кружната крстосница;
– улица „Марко Цепенков“, од крстосницата со улицата „Вангел Николоски“ до кружната крстосница и
– улица „Сирма Војвода“, од крстосницата со улицата „8-ми Септември“ до кружната крстосница.

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја избегнуваат погоренаведената улична мрежа, со цел навремено завршување на градежните активности на кружната крстосница. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење