Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за штипјанец кај кого бил пронајден кокаин во Охрид

Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот В.Х. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

– На 29-ти јули 2018 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, во кое како совозач било лицето П.Ш. од Штип. При прегледот бил пронајден и одземен кокаин. По преземени мерки, било утврдено дека пријавениот претходната вечер му овозможил на П.Ш. да конзумира кокаин, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење