Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Анкета на АВМУ за првиот квартал од 2019 година: Супер радио со слушаност од 17,19% останува водечки медиум во регионот

Охрид, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен досег од 9,38% и неделен од 17,19%, Супер радио и во првиот квартал од 2019 година останува водечки медиум во својот регион и еден од најрелевантните во државата.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во првиот квартал од 2019 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

No photo description available.

убедливо на врвот и во првиот квартал од 2019-та, неделен опсег од 17,19%

Супер радио веќе ја троши 27-та година од постоењето и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Image may contain: text

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од граѓаните и целокупната локална заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес